Лазањи со шунка

Лазањи со шунка

За подготовка на овие лазањи со шунка не ви се потребни многу состојки.

Состојки:

  • 350-400 гр кори за лазањи
  • 400 гр шунка Пекабеско
  • 300 гр гауда
    150 гр пармезан
  • 50 гр сирење за посипување
  • 700 мл млеко
  • 5 лажици брашно
  • прстофат зачин
  • сол
  • бибер
  • мусакатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Во ладно млеко разматете брашно да биде без грутки, додајте сол, зачин, бибер и мускатно оревче за бешамел сос. Ставете на слаб оган и мешајте, а кога ќе почне да врие измешајте 150 гр пармезан.

     

  2. Намастете огноотпорен или керамички сад, па редете листови лазањи, бешамел, шунка и изрендано гауда сирење. Повторуваје ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.

     

  3. Горната кора премачкајте ја со бешамел и посипете со останатиот пармезан. Печете во рерна околу 20 минути на 200 степени. Послужете со зелена салата и чаша црно вино.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула