Кремаво пилешко со павлака и шампињони – Деликатесен ручек

Кремаво пилешко со павлака и шампињони – Деликатесен ручек

Направете вкусно пилешко месо во павлака.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 100 гр. шампињони од тегла
  • 100 гр. путер
  • 2 чешни лук, малку вегета и бибер

Подготовка:

  1. Се сече пилешкото на половина, се обработува со чекан и се зачинува.
  2. Се пржи на загреан путер од двете страни, се ставаат 100 милилитри вода, се меша и се додаваат исцедените шампињони и павлака.
  3. Се ставаат зачини и лук и се крчка 15 минути.
  4. Само еднаш превртете го месото додека се крчка.