Летно освежување: Коктел од лубеница и нане

Летно освежување: Коктел од лубеница и нане

Освежете се во врелите летни денови со вкусна напивка од лубеница и нане.

Состојки:

  • 1/2 кг лубеница исчистена од кора и семки
  • 3 дл сок од вишни
  • сок од 1 лимета
  • 1 лажица шеќер
  • 10-12 листови нане

Начин на подготовка:

  1. Исчистените парчиња лубеница ставете ги во блендер. Додајте сок од вишни, сок од лимета, листови нане и шеќер и блендирајте додека не се растопи. Добиениот сок преместете го во сад и замрзнете.

     

  2. Смрзнатата смеса извадете ја со лажица и ставете повторно во блендер и уште еднаш кратко сомелете. Послужете со ситно сечкана кора лимета и декорација од нане.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула