Шпагети со прелив од 4 вида сирење

Шпагети со прелив од 4 вида сирење

Ако сте љубител на сирења, тогаш овој ручек е вистински избор за вас.

Состојки:

  • 200-300 гр шпагети
  • маслиново масло
  • 50 гр кашкавал
  • 50 гр димено сирење јерми
  • 50 гр гауда
  • 2 лажици крем сирење
  • 100 мл млеко
  • бел бибер
  • оригано
  • 2 чешниња лук
  • листови магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Шпагетите згответе ги и прелијте ги со маслиново масло. Во тенџере ставете млеко и додајте сирење, па мешајте да се растопи. На крај додајте крем сирење, по желба можете да додадете и лажица кисела павлака.

     

  2. На крај додајте издробен лук, сол, оригано и бел биебр. Сѐ добро измешајте и прелијте преку шпагетите. Од горе исечкајте листови магдонос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦПЕТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула