Шарена, зелак салата: Најдобрата зимница на светот

Шарена, зелак салата: Најдобрата зимница на светот

Се ближи крајот на летото, што значи дека е време за спремање зимници.

Состојки:

  • 1 кг свежа зелка
  • 1 кг млади зелени краставички
  • 1 кг зелени пиперки
  • 2 кисели јаболка
  • 1/2 кг зелени домати
  • 1/2 кг моркови
  • 100 гр сол
  • 100 гр шеќер
  • 500 мл алкохолен оцет
  • 1,5 л вода
  • бибер во зрно
  • листови целер

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот исечкајте го на кругови, а зелката на резанки. Морковите малку бланширајте ги (околу 5 минути) изладете ги, па и нив исечкајте ги на кругови. Додајте бибер, целер. 
  2. Во водата додајте оцет, сол и шеќер и добро измешајте, па прелијте преку салатата. Покријте па на секои 2-3 часа мешајте. Оставете преку ноќ и наредниот ден ставете во тегли.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула