Лесни летни брускети

Лесни летни брускети

Неодоливи, крцкави, лесни брускети кои ќе ги обожавате!

Состојки:

  • 150 гр конзервиран грашок
  • 8 шери домати
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажички сок од лимон
  • 2 лажици вински оцет
  • сол
  • бибер
  • француски леб

Начин на подготовка:

  1. Преполовете ги доматите, ставете ги во сад, посолете и оставете ги да отстојат. Додајте маслиново масло и лук и измешајте. Измешјате грашок, оцет, сок од лимон и бибер.

     

  2. По должина пресечете француски леб на три дела, па секој дел долж преполовете го. Испечете на тава до златно-кафеава боја.

     

  3. Секое парче леб намачкајте го со лук, прокапете со маслиново масло и додајте сос од грашок.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text