Традиционална српска пита гибаница

Традиционална српска пита гибаница

Послужете со јогурт или кисело млеко и уживајте!

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 4 јајца
  • 50 мл масло
  • 2 лажици кисела павлака или кајмак
  • 350 гр сирење
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл кисела вода
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со вилушка, додајте издробено сирење и кајмак, јогурт, кисела вода, масло и соединете.

     

  2. Намастете плех со масло, па на дното ставете кора. Следната кора згужвајте ја како хармоника, па превиткајте ја и потопете ја во филот од едната и другата страна и ставете во плех. Редете така додека не го потрошите материјалот.

     

  3. Со последната кора покријте и згужвајте ја гибаницата, па од горе уште малку премачкајте со фил и масло.

     

  4. Печете на 200 степени околу 40-45 минути убаво да порумени. Пред крај гибаницата покријте ја со фолија. Сечете на коцки кога ќе се излади.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула