Како да подготвите меко и сочно јунешко месо

Како да подготвите меко и сочно јунешко месо

Понекогаш се чини дека јунешкото месо е тешко да го подготвите а да не стане тврдо и жилаво. Но таа задача станува лесна со неколку трикови. Постојат два основни начини како да постигнете јунешкото да биде меко и сочно, а подразбираат претходно омекнување и метод на подготовка.Омекнувањето е процес во кој се разградува колагенот во месото, овозможувајќи тоа да стане меко. Со оваа постапка се намалува сушењето на мускулните влакна во текот на готвењето. Најдиректен начин тоа да се постигне е физичко оштетување на структурите на мускулните влакна и ткивото со чукање со чекан за месо или со мелење. Но, постојат и други, многу пософистицирани методи за омекнување на месото, а една од најпопуларните е маринирањето.

Маринадите имаат двојна улога, и го омекнуваат и го ароматизираат месото. Клучот лежи во фактот што киселините во маринадата го ослабнуваат мускулното ткиво и ја зголемуваат способноста на месото да задржи влага. Популарните состојки за маринада вклучуваат оцет, масло и зачински билки.

При употреба на маринада важи правилото: што повеќе време месото се маринира, резулатот е подобар. Сепак, маринадите не се семоќни, тие само помагаат, а завршниот дел припаѓа на начинот на подготовка.

Најдобриот начин за подготовка на меко јунешко месо е динстање во доста вода, со додаток маслиново масло, додека мускулните влакна не бидат меки и не почнат лесно да се одвојуваат.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text