Портокалова фаза во Македонија, има колапси секој ден – Што се јаде и пие, а што никако не смее да се консумира?

Портокалова фаза во Македонија, има колапси секој ден – Што се јаде и пие, а што никако не смее да се консумира?

Пеколни температури ја зафатија Македонија, а живата на термометарот оди и над 40. Потребно е многу да внимавате на здравјето, а препораки издаде и Министерството за здравство.

Имено, се препорачува да не излегувате ако не морате, барем до 17 часот, да седите во климатизирани простории и да пиете многу вода и течности. Водата е најважна периодов за да не дехидрирате и колабирате.

Важно е граѓаните да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи односно свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

За жал, деновиве секојдневно има јавувања во Итната помош и колабирања.

singlepost_text