Готов за 15 минути: Брз ролат со малини и кокос

Готов за 15 минути: Брз ролат со малини и кокос

Без печење и готвење, кремаст ролат за 15 минути.

Состојки:

  • 200-250 гр мелени бисквити
  • 150 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици мед
  • 300 мл слатка павлака
  • 200 гр крем сирење
  • 100 гр кокосово брашно
  • 200-300 гр малини
  • чоколаден прелив или шлаг за украсување

Начин на подготовка:

  1. Замесете тесто од бисквити, растопен маргарин, млеко, мед, какао и исечкано чоколадо. Оставете 15-20 минути во фрижидер па развлечете помеѓу фолија или кеса за замрзнувач.

     

  2. За филот разматете слатка павлака со крем сирење, додајте кокос, па премачкајте преку корите.

     

  3. Наредете малини, замотајте. Оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо