Можат да бидат опасни по здравјето: Овие намирници не ги ставајте во микробранова

Можат да бидат опасни по здравјето: Овие намирници не ги ставајте во микробранова

Микробрановата печка е навистина сјаен изум, но некои намирници не смеете да ги подгревате во микробранова.Со ставањето на некои од овие намирници во микробранова ризикуваме од настанување на бактерии кои можат да предизвикаат труење.

Компир

Ако варениот компир некое време стои на собна температура, лесно можат да се развијат бактерии. Тие во микробранова не можат да се уништат, како што е случај кога намирниците ги загреваме на рингла или во рерна. Доколку овие бактерии не се уништат можат да доведат до труење.

Сирово пилешко

Пилешкото може исклучиво да се консумира кога е добро термички обработено, со цел сите потенцијални бактерии да бидат уништени. Во микробранова ова месо може само да се загрее, но никако да се испече.

Пржени јадења

Масниот помфрит или печениот зеленчук исто така не смеат да се подгреваат во микробранова. Кога маслото се загреваа, настануваат гасови кои можат да бидат штетни по здравјето.

Ориз

Оризот после јадење би требало да го ставите во фрижидер, бидејќи многу лесно се расипува и развива бактерии. Самото чување на собна температура е ризично, а посебно доколку се загрева во микробранова.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта