Направете брза пица во тава.
Состојки:
- 2 јајца
- 4 лажици мајонез
- 4 лажици павлака
- 9 лажици брашно
- сол
- 1 лажица кечап
- 1 варено јајце
- 20 гр. пченка
- 100 гр. сланина
- 50 гр. кашкавал
Подготовка:
- Се меша во чинија мајонез со павлака, јајца и брашно со сол.
- Се загрева нелеплива тава, се намастува и се става смесата, па се ставаат горе варени јајце, кечап, пченка, сланина и кашкавал.
- Се поклопува и пече 15 минути.