Киндер колач – Кремав десерт за 20 минути

Киндер колач – Кремав десерт за 20 минути

Направете вкусни киндер колачи.

Состојки:

  • 150 гр. шеќер

     

  • 1 дл. вода

     

  • 125 гр. маргарин

     

  • 50 гр. чоколадо

     

  • 150 гр. мелени бисквити

     

  • 150 гр. мелени ореви

Бел слој:

  • 200 гр. шеќер

     

  • ½ дл. вода

     

  • 125 гр. маргарин

     

  • 200 гр. млеко во прав

     

Подготовка:

  1. Се мати шеќерот со вода за темниот слој и се вари додека не се стопи шеќерот на оган, па се додава маргарин и чоколадо.

     

  2. Се трга од оган кога ќе се стопат и се ставаат бисквити и мелени ореви, па се меша, и се става смесата во плех со масло.

     

  3. Се мати со миксер маргарин со млеко во прав. Ставете во еден сад шеќер со  вода да се вари во густ сируп.

     

  4. Се става маргаринот со млекото кога сирупот ќе згусне и се меша со миксер 1-2 минути.

     

  5. Се става белиот врз темниот слој додека е топол и се лади.