Јаболкова раванија: Најдобрата македонска слатка пита

Јаболкова раванија: Најдобрата македонска слатка пита

Стар македонски рецепт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 3 јаболка
  • 250 гр мелени ореви
  • 200 гр гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 2 шолји шеќер за шербет
  • 3 шолји вода за шербет

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги и крупно изрендајте ги. Во сад за матење скршете јајца, разматете со миксер, додајте шеќер и матете додека не се соедини. Потоа додајте гриз, ванилин шеќер, прашок за печиво, изрендани јаболка, мелени ореви и убаво соединете.

     

  2. Намастете округла тепсија и посипете со брашно. Излејте ја смесата и печете 40 минути во рерна загреана на 200 степени.

     

  3. Подгответе шербет – во тенџере ставете шеќер и вода, кога ќе зоврие тргнете од оган. Печениот колач исечкајте го на ромбоиди, па прелијте со шербет и оставете малку да отстои и впие.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко