Здрав оброк: Салата од грејп и авокадо

Здрав оброк: Салата од грејп и авокадо

Вкусна и здрава салата од авокадо и грејпфрут.

Состојки:

  • 2 парчиња авокадо
  • 2 грејпфрут
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици маслиново масло
  • неколку листови свежо нане

Начин на подготовка:

  1. За авокадото да остане свежо, премачкајте го со сок од лимон веднаш откако ќе го исечкате. Грејпот излупете го и исечкајте го на кругови или парчиња.

     

  2. Измешајте маслиново масло со мед во шолја и додајте неколку листови мента.

     

  3. Сервирајте го авокадото на чинија и посипете со сок од лимон. Потоа ставете грејп, додајте сос и посипете со нане.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text