Шарена салата од пилешко и козјо сирење

Шарена салата од пилешко и козјо сирење

Преубава шарена салата со пилешко, цвекло, рукола, портокал, козјо сирење…

Состојки:

  • 500 гр пилешко филе
  • 200 гр цвекло
  • 100 гр рукола
  • 100 гр леќа
  • портокал
  • 100 гр козјо сирење
  • 150 мл маслиново масло
  • лимон
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото исечкајте го на ленти, посолете го и испечете го на грил тава. Цвеклото згответе го, изладете, излупете и исечкајте го на коцки. Леќата згответе ја во солена вода, а портокалот тенко исечкајте го. Руколата зачинете ја со маслиново масло и сок од лимон, посолете и распоредете на чинија.

     

  2. Пилешкото, цвеклото, леќата и портокалот измешајте ги и ставете ги на руколата. Посипете со дробено козјо сирење, пропрскајте со масло, посолете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо