Салата од краставици и кисела павлака: Идеален рецепт за летно освежување

Салата од краставици и кисела павлака: Идеален рецепт за летно освежување

Одличен рецепт за освежувачка летна салата.

Состојки:

  • 3 краставици
  • 1 мала главица кромид
  • 300 гр кисела павлака Пекабела
  • малку бибер
  • 1 мала црвена пиперка

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги краставиците, исечкајте ги на тенки кругови и посипете со сол. Оставете ги еден час да отстојат во фрижидер, а потоа исцедете го вишокот вода.

     

  2. Во меѓувреме, исечканиот кромид потопете го во ладна вода 15 минути, па исцедете. Кромидот и павлаката додајте ги во краставиците, измешајте, па додајте малку бибер по вкус, па од горе посипете ситно сечкана пиперка.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text