Брз бурек со месо, јајца и павлака – Само редите и печете

Брз бурек со месо, јајца и павлака – Само редите и печете

Не е лесна и здрава храна, но сите понекогаш сакаме бурек, а ова е најдобриот и брз рецепт.

Состојки:

  • 700 гр. мелено месо
  • 1 кромид
  • 5 јајца
  • 400 мл. кисела павлака
  • 0,5 мл. минерална вода
  • 500 гр. кори
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Се пржи исецканиот кромид на загреано масло во тава додека не пожолти, се става сол и бибер и месото.
  2. Се пржи додека биде готово, а потоа се реди бурекот.
  3. На намастен плех се става слој кори, па месо и така додека има кори и фил.
  4. Се замотуваат полжавчиња или банички.
  5. Се мешаат јајцата со павлака и малку сол со кисела вода и се става од смесата врз бурекот.
  6. Се пече 40 минути на 180 степени.

singlepost_text