Направете едноставен ручек со запечен зеленчук.
Состојки:
- 1 главица карфиол
- 2 моркови
- ½ главици брокула
- 100 гр. сирење
- 2 јајца
- 50 гр. млеко и малку сол
Подготовка:
- Се лупи и сече морковот на кругови, брокулата и карфиолот се мијат и ситнат на цветови.
- Се вари зеленчукот во солена вода додека омекне.
- Се матат јајца со млеко и ронето исрење и се меша.
- Се става во огноотпорен сад зеленчукот исцеден од вода, па смесата со јајца и се пече на загреана рерна на 180 степени 20 минути.