Печени компири со павлака

Печени компири со павлака

Компирите обично ги послужуваме како прилог, но во оваа варијанта се „комплетно“ јадење.

Состојки:

  • 8 компири
  • 100 гр путер
  • 2 чаши кисела павлака Пекабела
  • маслиново масло
  • билни зачини

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги компирите, пропрскајте ги со маслиново масло и посипете со зачин. Печете во рерна на 200 степени околу час и половина.

     

  2. Додека се топли на компирите со нож направете засек со буквата„ Х“, а потоа истиснете го компирот од средината. На местото на секој „Х“ ставете лажица путер, па од горе по 2 лажици павлака. Послужете со салата.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб