Со помош на овој трик направете совршено крцкав леб

Со помош на овој трик направете совршено крцкав леб

Ви откриваме тајна како да направите совршен домашен леб.

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 270 мл млака вода
  • 20 гр квасец
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во млака вода, додајте брашно и сол, па замесете глатко тесто. Оставете го покриено да надојде половина час. Премесете, па повторете ја постапката.

     

  2. Побрашнете ја масата, па повторно малку премесете и обликувајте топка. Обилно побрашнете го тестото и покријте ја топката од тесто малку да нарасне.

     

  3. Вклучете ја рерната на 250 степени, па ставете празна тепсија во рерна.

     

  4. Кога тестото ќе надојде, врелата тепсија извадете ја од рерна и префрлете го надојденото тесто во плехот.

     

  5. Со нож засечете по средина. Покријте со поклоп и ставете во рерна. После 20 минути, кога лебот ќе нарасне, тргнете го поклопот и печете уште 30 минути, а рерната намалете ја на 200 степени.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

 

singlepost_text