Салата со туна и рукола

Салата со туна и рукола

Направете брза летна салата со туна, рукола и цвекло.

Состојки:

  • 200 гр. туна од конзерва
  • 2 печени цвекла
  • 2 варени јајца
  • ½ лимонов сок
  • 3 лажици мајонез
  • сол и бибер
  • 1 рака рукола

Подготовка:

  1. Се става цвеклото во фолија и се пече во рерна 30 минути на 220 степени.
  2. Се варат јајцата околу 7 минути.
  3. Се меша во чинија туната со мајонез, сол и бибер и малку лимонов сок.
  4. Се лупат и сечат јајцата и се додаваат, па се лупи и сече или ренда цвеклото и се додава.
  5. Се става и рукола горе.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text