Опојно ќе мириса: Мафини со суво грозје и банани

Опојно ќе мириса: Мафини со суво грозје и банани

Направете вкусни мафини со суво грозје и со банани.

Состојки:

  • 200 гр. шеќер
  • 1 јајце
  • 120 мл. млеко
  • 50 мл. масло
  • 200 гр. брашно
  • 5 гр. сода
  • 5 гр. прашок за пециво
  • 200 гр. банани
  • 50 гр. ореви
  • 50 гр. суво грозје
  • 13 гр. кокос

 

Подготовка:

  1. Се матат со миксер јајцата со млеко и масло, се додава сеено брашно и сода и прашок за пециво, па се меша со маталка.
  2. Се додаваат бананите ситно сечени, искршени ореви и суво грозје со кокос.
  3. Се меша и се полнат калапи за мафини, па се печат на 180 степени 20 минути.
  4. Декорирајте по желба.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text