Повкусна од таа со месо: Лазања со шунка и кашкавал

Повкусна од таа со месо: Лазања со шунка и кашкавал

Вкусна и брза лазања со шунка и кашкавал.

Состојки:

  • 400 гр. листови лазања
  • 400 гр. шунка
  • 300 гр. гауда кашкавал
  • 150 гр. пармезан +50 за горе
  • 700 мл. млеко
  • 5 лажици брашо
  • 1 прстофат вегета, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се разматува во ладното млеко брашно без грутки и се додава сол, бибер и вегета, се става на оган и се меша да се згусне, па кога ќе зоврие се ставаат 150 гр. пармезан.
  2. Се става масло во огноотпорен сад, се става ред лазања, па бешамел, па шунка и рендана гауда, и се реди така додека има кори и фил.
  3. Се става најгоре ред лазањи, остатокот од бешамелот и 50 грама пармезан.
  4. Се пече 20 минути на 200 степени на претходно загреана рерна.