Совршени за со пиво и тартар: Поховани печурки

Совршени за со пиво и тартар: Поховани печурки

Направете вкусни поховани печурки.

Состојки

  • 1 ½ кг. буковка
  • 5 јајца
  • 1 шолја пиво
  • 1 ½ шолји брашно
  • 1 лажиче сол
  • малку бибер и презла

Подготовка:

  1. Се мијат убаво печурките и се сечат на парчиња.
  2. Се оставаат десет минути во врела вода со сол, па се ладат.
  3. Се двојат жолчките од белките и се матат белките во снег.
  4. Се додава пиво со брашно и сол и бибер во жолчките и се мешаат.
  5. Се матат двете смеси откако ќе се соединат.
  6. Се става брашно и презла во садови и се валкаат печурките во нив, па во смесата од јајца и се пржат на загреано масло.

Уживајте!