Домашен чоколаден сладолед

Домашен чоколаден сладолед

Направете домашен вкусен сладолед од чоколадо.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 300 мл. млеко
  • 120 гр. чоколадо
  • 100 гр. павлака

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со шеќер и се додава постепено врелото млеко со мешање, па се процедува смесата во важен сад.
  2. Се грее кремот на оган да се згусне, но не да зоврие.
  3. Се крши чоколадото и се топи на пареа со три лажици вода, па се додава во кремот.
  4. Се става и изматената павлака и се замрзнува.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

singlepost_text