Мафини со чоколадни мрвици, банани и кокос

Мафини со чоколадни мрвици, банани и кокос

Направете вкусни и сочни мафини со банана и кокос, како и чоколадо, три состојки кои совршено си одговараат.

Состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 150 гр. шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 50 гр. кокос
  • 1 јајце
  • 1 прстофат сол
  • 1 банана
  • 100 мл. масло
  • 200 мл. млеко
  • 150 гр. чоколадни мрвици

Подготовка:

  1. Се мешаат во еден сад сите суви состојки, брашно со прашок за пециво, шеќер, ванилин шеќер, малку соч и кокос.
  2. Во друг сад измешајте ја лупената и исечена банана со јајце, со помош на миксер или маталка, па додајте и млеко и масло.
  3. Се мешаат двете смеси, сувата и течната, па се ставаат 100 грама чоколадни мрвици.
  4. Се вади со лажица од смесата во корпи за мафини, се полнат до половина, а горе се става остатокот од чоколадните мрвици.
  5. Се печат на 180 степени 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

 

singlepost_text