Лесно јадење половина час: Деликатес во тава

Лесно јадење половина час: Деликатес во тава

Лесно јадење за летото, тиквички во тава кои се готови за 15 минути ако не се смета печењето.

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 0,5 л . кисело млеко или јогурт
  • 3 лажици брашно (преполни)
  • 3 лажичи пченкарно брашно (преполни)
  • 1 прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло и малку сол

Подготовка:

  1. Се лупи тиквичката и се сече ситно, но не ја рендајте за да не пушти вода.
  2. Се остава со крпа на страна за д аја впие водата.
  3. Се матат јајца со кисело млеко или јогурт, па масло, се додаваат двата вида брашно и прашок за пециво и се меша да се соедини, па дури потоа се става тиквичката.
  4. Се става во тепсија смесата со масло и се пече на 200 степени на загреана рерна 30 минути.