Проверен рецепт кој сите го сакаат: Колач со кокос, пудинг и банани

Проверен рецепт кој сите го сакаат: Колач со кокос, пудинг и банани

Не изгледа скромно на прв поглед, но овој десерт брзо и лесно се спрема и многу е вкусен.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. кокос
  • 2 лажици брашно
  • ½ прашок за пециво
  • 1 ванила пудинг
  • 2 лажици густин
  • ½ л. млеко (+ 6 лажици)
  • 2 ванилин шеќер
  • 250 гр. маргарин
  • 4 банани
  • 150 гр. шлаг

Подготовка:

  1. Се двојат прво белките од жолчките и се матат добро белките во сад со 150 грама шеќер.
  2. Се додава полека брашно во белките со прашок за пециво и кокос, па се меша се убаво.
  3. Се става смесата во плех и се пече на 150 степени половина час. Лимот треба да е со димензии 35×25 сантиметри.
  4. Се спрема филот со матење на 6 жолчки си 6 лажици шеќер. Се мати во одделен сад прашокот за пудинг со густинот и 6 лажици млеко и се става во останатото зовриено млеко.
  5. Се згуснува на оган и се трга.
  6. Се мати маргаринот и се додава во филот полека.
  7. Се вади бисквитот и се става пола од филот, па сечени банани, па пак фил и на крај шлаг.
  8. Се лади и служи, а се декорира по избор.

 

singlepost_text