Видео рецепт: Рафаело обланди со два фила

Видео рецепт: Рафаело обланди со два фила

Направете сочен и вкусен колач богат со кокос, Рафаело обланди.

Состојки:

  • 2,5 дл. вода
  • 350 гр. шеќер
  • 500 гр. млеко во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 150 гр. кокос
  • 100 гр. мелени лешници
  • 350 гр. маргарин
  • 6 листа обланда

Подготовка:

  1. Се вари водата со шеќер и се додава маргаринот со ванилин шеќер.
  2. Се додава и млекото во прав.
  3. Се вари и се дели смесата на два дела. Во еден сад се става 3/5 од смесата, во друг 2/5 од филот.
  4. Во смесата со повеќе фил ставете кокос, а во садот со помалку фил ставете мелени лешници.
  5. Додека е филот врел ставете лист обланда на подлога, премачкајте со филот со кокос, па друга кора, па фил со лешници и така наизменично додека има фил и кори.
  6. Притиснете го колачот кој завршува со лист оланда со нешто тврдо и ставете го во ладилник да се олади и залепи.

 

 

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:10 „убијци“ на вишокот калорииДиетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ