Направете пица-лазања, деликатес кој се памети.
Состојки:
- 1 пакување тесто за лазањи
- 1 конзерва доматно пире
- 200 гр. шунка
- 300 гр. кашкавал за пица
- 10 печурки
- 1 павлака за готвење
- 1 канче павлака
- оригано
Подготовка:
- Се става тестото за лазања во врела вода на кратко, не ви требаат сите, 12-14 листови се доволни.
- Се рендаат шунка и кашкавал, се меша во друг сад доматното пире со оригано.
- Се сечат печурките и се пржат на малку масло во тава.
- Се става ред лазања на плех, се става сос од домати, шунка и кашкавал горе па печурки.
- Се става и друг слој лазањи, ако ви останаа состојки повторете ја постапката, ако не ви останаа премачкајте ги горе лазањите со двата вид апавлака.
- Се пече на 220 степени 15 минути.