Идеална за тропските денови: Сладолед торта со малини

Идеална за тропските денови: Сладолед торта со малини

Оваа торта е идеален летен десерт – кремаста текстура, освежувачки вкус, брза подготовка…

Состојки:

  • 1 кг крем шлаг
  • 1 л кисела вода
  • 2 чаши кисела павлака Пекабела
  • 600 гр мелени бисквити
  • 600 гр малини

Начин на подготовка:

  1. Крем шлагот разматете го со кисела вода, па додајте две кисели павлаки и разматете доедка не се соедини. Шлагот поделете го на три дела.

     

  2. Во првиот дел измешајте мелени бисквити, а потоа распоредете како кора на дното на калапот.

     

  3. Во вториот дел измешајте малини. Можете да користите свежи или замрзнати. Филот со малини премачкајте го преку кората од бисквити.

     

  4. Во третиот дел не додавајте ништо, само премачкајте преку филот од малини.

     

  5. Оставете ја тортата во фрижидер и почекајте да се излади неколку часа.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text