Зелена чорба со шунка

Зелена чорба со шунка

Необично, а вкусно јадење!

Состојки:

  • 700 мл вода
  • 1/2 кг грашок
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 150 гр макарони
  • 3 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • сув зачин
  • бибер
  • магдонос
  • малку кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте кромид, додајте сечкан лук, па додајте грашок. Динстајте дваесетина минути, па додајте ситно сечкана или мелена шунка, зачинете со сув зачин, побиберете и по потреб посолете. 
  2. Налијте вода, крчкајте уште некоја минута, додајте сечкан магсдонос, измешајте, па сѐ испасирајте со миксер. Ако чорбата е премногу густа, налијте малку вода и посипете со рендан кашкавал.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука