Пилешко во сос од лук, путер и лимон: Сочен ручек, прсти да излижеш

Пилешко во сос од лук, путер и лимон: Сочен ручек, прсти да излижеш

За само половина час ќе направите совршен оброк во кој сигурно ќе уживате!Пилешкото подготвено на овој начин одлично оди со ориз или печени компири.

Состојки:

  • 5 пилешки батаци
  • 1/2 лажица бибер
  • 50 гр путер
  • 100 мл пилешки бујон
  • 2 чешниња лук
  • сок од 1 лимон
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Посолете го и побиберете го пилешкото, па печете на хартија за печење 20 минути. Зголемете ја температурата при крај за кората да стане покрцкава. 
  2. Во тава растопете путер и мешајте неколку минути. Додајте бујон, додајте сечкан лук и сок од еден лимон. По желба додајте неколку парчиња лимон. Ставете го пилешкото и оставете да крчка неколку минути.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text