Пенаст и воздушест десерт без печење

Пенаст и воздушест десерт без печење

Воздушест, пенаст десерт со фантастичен вкус!

Состојки:

  • 100 гр шеќер
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици чоколаден скроб
  • 370 мл свежо млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 100 гр млечно чоколадо
  • какао за украсување
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка:

  1. Добро измешајте ги сувите состојки – шеќер, какао и скроб. Во нив додајте свежо млеко и слатка павлака. Процедете ја смесата во тенџере и мешајте на умерен оган.

     

  2. Додајте ситно исечкано чоколадо и мешајте додека смесата не згусне. Не треба да зоврие.

     

  3. Во плех обложен со хартија за печење ставете ја смесата и ставете во фрижидер на 12 часа. По желба посипете со какао. Ако сакате да ставите чоколадна глазура, прво десертот нека се излади неколку часа, па дури потоа прелијте го со чоколадо за готвење кое сте го растопиле со лажица масло, па вратете во фрижидер.

     

  4. Изладениот колач најдобро е да го сечете со загреан нож.

Уживајте!,

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text