Освежувачки микс: Лимонада со јагоди

Освежувачки микс: Лимонада со јагоди

Неодолива напивка идеална за тропските летни денови.

Состојки:

  • лимон
  • кисела вода
  • јагоди
  • парчиња лимон

Начин на подготовка:

  1. Направете класична лимонада со неколку лимони, но наместо обична користете кисела вода. Излејте во калапи за мраз и оставете да замрзне.

     

  2. Кога ќе се претвори во ледени коцки, ставете ги во блендер, па додајте јагоди. Изблендирајте додека не добиете глатка и течна смеса, а по желба додајте и шеќер.

     

  3. Оваа напивка треба да биде малку погуста од класичната лимонада. Ставете во чаша и украсете со парчиња лимон.

Уживајте!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text