Сочни ражничи со ќофтиња и пиперка…
Состојки:
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 мала тиквица
- 750 гр мелено јунешко
- 1/2 лажичка чили во прав
- 1 јајце
- 4 лажици презла
- 1 лажица ајвар
- сол
- бибер
- 1 црвена пиперка
- 1 жолта пиперка
- 2 лажици масло
Начин на подготовка:
- Кромидот, лукот и тиквицата исечкајте ги на коцки и измешајте ги со месо, чили, јајце, ајвар и презла. Смесата посолете ја и побиберете ја, па од неа обликувајте ќофтиња.
- Пиперките исечете ги на коцки со големина од 2 см. Набодете ги на стапчиња наизменично со ќофтињата, премачкајте ги со масло и печете ги 6-8 минути.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука