Едноставен рецепт: Млечна пита која се топи во уста

Едноставен рецепт: Млечна пита која се топи во уста

Едноставен рецепт за вкусна млечна пита.

Состојки:

  • 8-9 кори за пита
  • 100-150 гр путер
  • 4 јајца
  • 150-200 гр шеќер
  • 300 мл врело млеко
  • 2 лажици ситно мелено пченкарно брашно
  • 1/4 лажичка цимет
  • арома ванила
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Намастете тепсија со путер. Корите свиткајте ги и редете ги во круг од надвор кон внатре.

     

  2. Премачкајте ги корите со растопен путер. Посипете со цимет и печете на 180 степени околу 25 минути.

     

  3. Во меѓувреме направете фил. Пенасто разматете јајца со шеќер. Додајте пченкарно брашно и врело млеко во кое сте додале малку ванила.

     

  4. Прелијте ги корите со овој фил и допечете уште 25 минути. Посипете со шеќер во прав.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text