Брз куглоф со кајсии – Само матите и имате вкусен десерт

Брз куглоф со кајсии – Само матите и имате вкусен десерт

Направете вкусен куглоф со кајсии кој се топи во уста.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 гр. брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 250 мл. јогурт
  • 100 мл. масло
  • 2 лажици какао
  • кајсии

Подготовка:

  1. Се матат белките со миксер во цврст снег, се додаваат и жолчките и пак се мати, се става масло и јогурт додека се мати.
  2. Посебно се соединуваат брашно со шеќер, ванилин шеќер и прашок за пециво и се додаваат постепено во смесата со јајца, матејќи со миксер на најмала брзина.
  3. Се дели на два дела смесата, во едниот се става какао и се мати со миксер, другиот си останува жолт.
  4. Се премачкува калап за куглоф со масло, се става жолтата смеса, па исечени кајсии во количина по желба, па темниот дел.
  5. Се пече на загреана рерна на 180 степени 45 минути.

singlepost_text