Деликатес на денот: Растопен кашкавал од рерна

Деликатес на денот: Растопен кашкавал од рерна

Направете вкусен кашкавал од рерна.

Состојки:

  • 300 гр. кашкавал
  • 100 гр. сирење
  • 120 гр. брашно
  • 4 јајца
  • 250 гр. кисело млеко
  • 20 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се ренда кашкавал и сирење на покрупно во сад, се става брашното и се меша.
  2. Се матат јајца со кисело млеко и се става во смесата.
  3. Се става хартија на плех, се мачка со маргарин, се става смесата рамномерно и се пече на 170 степени на загреана рерна додека не добие златна боја.