Колач со крем од нес кафе – Брз, едноставен и вкусен

Колач со крем од нес кафе – Брз, едноставен и вкусен

Направете вкусен колач со крем и нес кафе.

Состојки:

  • 1 јајце + 2 жолчки
  • 1 ½ шолји шеќер
  • 10 лажици масло
  • 400 гр. кисело млеко
  • 1 ½ лажички сода
  • 2 шолји брашно 
  • 2 белки за глазура
  • ½ шолји шеќер во прав
  • 1 лажиче нес кафе

Подготовка:

  1. Се матат едно јајце и две жолчки со шеќер, а белките се тргаат на срана за глазура.
  2. Се додава во смесата масло и се меша, па се меша сода со кисело млеко и се додаваат и тие.
  3. Се става брашното постепено со мешање.
  4. Се премачкува плех со малку масло и се става смесата, се пече на 170 степени 30 минути, на претходно не загреана рерна.
  5. Се спрема глазурата со матење на белките во снег со шеќер во прав и нес кафе.
  6. Се премачкува топлиот колач со глазурата.
  7. Декорирајте по избор.