Свински шницли во велуте сос

Свински шницли во велуте сос

За следниот ручек ви предлагаме вкусни шницли во велуте сос.

Состојки:

  • 500 гр свински шницли
  • 3 лажици сенф
  • сол
  • бибер
  • 3 лажици путер
  • 3 лажици брашно
  • 500 мл говедска супа

Начин на подготовка:

  1. Шницлите исчукајте ги со чекан за месо, посолете, побиберете, премачкајте со сенф и испечете на масло по неколку минути од секоја страна. Шницлите оставете ги на страна.

     

  2. Ставете путер да се растопи, додајте брашно, пржете неколку минути, па налијте супа и згответе сос. Вратете ги шницлите во сосот, па крчкајте уште 10 минути. Послужете со пире од компири.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко