Пробајте го овој совршен десерт.
Состојки:
- 3 јајца
- 100 гр брашно
- 100 гр гриз
- 100 гр ореви
- 100 гр шеќер
- 100 гр суво грозје
- 3 јабока
- 50 мл масло
- 200 мл јогурт
- 1 прашок за печиво
- цимет
- ванилин шеќер
- 100 гр чоколадо
- 50 гр сечкани лешници
- кора од лимон
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер. Додајте брашно со прашок за печиво, гриз, мелени ореви, суво грозје, рендани јабока, цимет, кора од лимон и на крај јогурт, па измешајте.
- Ставете во плех 30х20 и печете на 200 степени 45 минути.
- Топлиот колач прелијте го со растопено чоколадо и посипете со сечкани лешници или ореви. Изладете и сечете по желба.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Полнет ананас со ориз и пилешко