Шампињони од фолија, се топат во уста

Шампињони од фолија, се топат во уста

Вкусни печурки подготвени во фолија.

Состојки:

  • 300 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол
  • 1 лажица свежо сечкан магдонос
  • неколку гранчиња рузмарин

Начин на подготовка:

  1. Шампињоните исчистете ги и пребришете ги со влажна крпа. Кромидот исчистете го и исечкајте го на кругови. Сè префрлете во поголем сад. Додајте масло, сол и зачини па добро измешајте. 
  2. Шампињоните префрлете ги на поголемо парче алуминиумска фолија. Фолијата замотајте ја на врвот и затворете ги сите страни. Ставете на скара и оставете да се пече додека шампињоните не омекнат. 
  3. Повремено проверувајте печурките.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука