Погачици со сирење без квасец и прашок за печиво: Меки како морска пена

Погачици со сирење без квасец и прашок за печиво: Меки како морска пена

Брзи и вкусни погачици, се топат во уста…

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 200 гр сирење
  • 200 гр маргарин
  • 1 жолчка
  • малку ким
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете маргарин па додајте сирење и соединете со миксер да биде пенасто. Додајте брашно и сол ако сирењето не е солено. Замесете да биде глатко. 
  2. Оставете во кеса околу еден час, па со сукало израмнете, превиткајте неколку пати за тестото убаво да се изедначи. 
  3. Вадете погачици со калап и редете ги во плех. Премачкајте ги со жолчка и посипете со ким. Печете на 220 степени околу 20-25 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука