Направете вкусни питички со сусам.
Состојки:
- 1 пакување кори за пита
- 3 јајца
- 300 гр. сирење
- 300 гр. кисело млеко
- 3 лажици масло
- 1 лажиче сода
- 1 лажиче прашок за пециво и сусам за горе
Подготовка:
- Се матат јајцата со кисело млеко и сода кои претходно се активирале, па се додава масло и прашок за пециво.
- Се рони и сирењето одделно во сад.
- Се зема кора исе прска со масло, па се става втора кора и се става фил и сирење. Се витка на половина по должина и се добива трака, па пак се мачка со фил.
- Се замотува питичка. Се прави вака со сите и се редат во плех за печење.
- Се оставаат барем две лажици фил, се мешаат со малку масло и се мачка горе, па се става сусам.
- Се печат на 200 степени 25 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта