Лисната пита од тиквици: Едноставно феноменална

Лисната пита од тиквици: Едноставно феноменална

Доручек, ручек или вечера, изберете сами, во секој случај е идеална.

Состојки:

  • 250 гр лиснато тесто
  • 250 гр тиквици
  • 250 гр свежо сирење
  • 2 чешниња лук
  • 3 јајца
  • сол
  • мелен бибер
  • мускатно оревче

Начин на подготовка:

  1. Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од околу 3 милиметри и префрлете во плех обложен со хартија за печење. Тиквиците исечкајте ги на тенки кругови, посолете и оставете да отстојат околу 20 минути за да го пуштат вишокот вода.

     

  2. Свежото сирење измешајте го со сечкан лук, рендано мускатно оревче и јајца. Посолете, побиберете, па измешајте. Смесата рамномерно распоредете ја по тестото, додајте тиквици од горе па печете во рерна на 170 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text