Десерт крем со ореви и сладолед

Десерт крем со ореви и сладолед

Направете вкусен десерт крем со ореви и сладолед.

Состојки:

  • 1 кг. готов сладолед по избор
  • 1 шолја ореви
  • 5 лажици брашно
  • 1 шолја сируп од малини или вишни
  • 1 л. млеко
  • 1 кесе ванила
  • 1 шолја шеќер

Подготовка:

  1. Се мешаат шеќерот и брашното, се разредуваат со пола литар млеко и се додава смесата во останатата половина млеко и се вари со мешање.
  2. Се трга кога ќе зоврие и се додава ванила, и се ставаат благо запечените и исечени ореви, се става кремот во чаши и се ставаат во ладилник.
  3. Се става во секоја чаша 2-3 топки сладолед и сируп пред сервирање.