Кнедли со праски

Кнедли со праски

Направете неодоливи кнедли со праски.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 6 праски
  • 1 јајце
  • 650 гр брашно
  • 40 гр маргарин
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки, па згответе ги во вода со малку сол. Направете пире со маргарин и оставете да се излади. Во изладената маса ставете јајце, брашно и замесете тесто.

     

  2. Направете топчиња па во секое ставете четвртина праска и свиткајте. Во поголем сад ставете вода и малку масло. Кога ќе зоврие, ставете ги кнедлите да се готват додека не испливаат на површина. Извалкајте ги во ванилин шеќер и цимет, а по желба можете и во мелени бисквити.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text