Крцкава и вкусна: Погача со путер

Крцкава и вкусна: Погача со путер

Слоевитата кора крцка, а средината мека како пена…

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 30 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 мл млеко
  • 600 гр брашно
  • сол
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млака вода и додајте шеќер. Ставете млеко, масло, брашно и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне, па премесете. 
  2. Повторно премесете и оставете уште малку да отстои. Поделете го тестото на 5-6 топчиња. Секое топче развлечете го со големина на тепсијата и премачкајте со путер. 
  3. Покријте со следното кое исто такасте го намачкале со путер и така додека не го потрошите материјалот. Оставете ја погачата да нарасне. Премачкајте со жолчка и посипете со семки. 
  4. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука